ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА ПРВАТА ФАЗА ОД ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП – РАДОВИШ

Премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и шефот на Европската банка за обнова и развој за Македонија Андри Аранитаси имаа свое обраќање по повод пуштањето во употреба на првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш.

Трасата од првата фаза на проектот се градеше меѓу селото Софилари и рудникот „Бучим“.

Изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш започна во јуни 2018 година. Новата патна врска како што беше предвидено се состои од по една коловозна лента од 3,5 метри и една помошна лента за застанување од 2,5 метри во секој правец. Максималната брзина на движење на возилата ќе изнесува 110 километри на час.

Австриската компанија „Страбаг“ е избрана за изградба на втората траса од клучката Три чешми кај Штип до мостот на реката Брегалница и од рудникот „Бучим“ до влезот во Радовиш.

– Се очекува во најскоро време и оваа траса да се реализира од експресниот пат Штип – Радовиш


Експресниот пат Штип – Радовиш на кој што денес се наоѓаме е целосен проект на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов.

Тој посочи дека сите активности неопходни за реализација на овој пат се обезбедени од претходната Влада.

„Уште во 2015 година се обезбедени средства и целосно е изготвен проектот за изградба на експресниот пат. Социјалдемократскиот сојуз на готово доби изведувач на работите на овој пат, и заради нивната неспособност не успеаја да ги завршат на време како овој проект, така и останатите проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ. За тоа оваа пракса не смее да продолжи. Инфраструктурата повторно ќе биде ставена во преден план после победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори“, вели Јорданов.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза