РК Радовиш вчера го одигра последниот натпревар од Плеј аут завршницата за оваа сезона. Во Радовиш беше совладана екипата на струмички Астраион.
РК Радовиш како трето пласирана екипа од Плеј аут табелата опстанокот треба да го завери преку бараж натпреварот со второпласираната екипа од Првата ракометна лига, екипата на РК Шампион кој треба да се одигра во недела.
Честитки за тренерот и екипата кои успеаа после неуспешниот старт и лошите резултати да ја вратат екипата во правец и со девет победи и еден нерешен резултат се за поздравување.
РК РАДОВИШ – РК АСТРАИОН 38-15 (18-06)
Фото: РК РАДОВИШ – РК АСТРАИОН
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови