РК РАДОВИШ ВО ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ОВАА СЕЗОНА – обезбеден опстанок во Супер ракометната лига на Македонија

Во четврток во Срц „25 мај“ во Радовиш ќе се одигра последниот натпреавар на нашиот ракометен клуб како домаќин ја дочекуваме екипата на РК Астраион од Струмица.

Овој дуел е чисто формалност за нашите ракометари и воопшто не треба да размислуваат за некакво изненадување од страна на противникот бидејки во Плеј аут завршницата е слабо подготвен и веќе испаднат во понисок ранг, без ниту еден освоен бод во оваа разигрување.

Но тоа не треба да е важно за нашата екипа, ние треба да одигаме смело како што го одигравме и вториот дел од разигрувањето со моментален скор од осум победи и едно реми благодарение на новиот тренер Андон Бошковски кој ја врати екипата и физичката подготвеност и вроди плод со победи и опстанок во најелитното натпреварување Супер ракометната лига на Македонија.

РК Радовиш и следната сезона ќе биде „суперлигаш“ но останува да видеме во четврток дали како второ пласиран директно ќе обезбеди или како трето пласиран ќе мора да одигра бараж натпревар во второ пласираниот од првата ракометна лига на Македонија.

Честитки од нашата редакција за досегашната успешна игра и настапи до сите ракометари и стучниот штаб, но најмногу до тренерот Андон Бошковски кој успеа да ја поврати екипата на РК Радовиш и обезбеди опстанок во најелитното натпреварување во Македонија.

 

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза