НАЈДОЛГИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА – ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА ЛЕТОТО!

Од денес на северната хемисфера летото официјално започна утрово во 5 часот и 32 минути, додека на јужната хемисфера започна зимата во исто време.

За жителите на северната хемисфера, летото започнува во моментот кога насоката на северниот дел на Земјината оска е најблиску до Сонцето. На тој ден, висината на сонцето на пладне е најголема во текот на годината.

Во исто време, започнува зимата за жителите на јужната хемисфера.

На денот на почетокот на летото, ноќта е најкратка, а денот е најдолг – денес ќе трае 16 часа и 28 минути.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза