ЦЕЛИОТ РЕГИОН НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ЌЕ СТАНЕ СЛОБОДНА РОАМИНГ ЗОНА

Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово ќе бидат без роаминг, а за да се одбележи овој историски датум, ќе биде организиран концерт на плажата во Отешево, на Преспанското Езеро.

На концертот наречен „All-Western Balkans Jam“ ќе настапат бендови и диџеи од целиот регион.

„Ова е историски успех на Западен Балкан кој доаѓа како резултат на преговорите кои траеа речиси цела година, олеснети од Советот за регионална соработка и Европската Унија, по што претставници од сите шест влади потпишаа договор во април 2019 година, со што се согласија прво постепено да ги намалуваат роаминг цените и евентуално да ги изедначат со нула од први јули 2021 година. Сега, тоа е завршено“, велат од Советот за регионална соработка.

Концертот под слоганот „Само наполни ја батеријата – роамингот е бесплатен“ започнува во 19 часот, а ќе може да се следи и на Јутјуб.  На него ќе настапат С.А.Р.С од Србија, Узун Баба ОГ! од Македонија, Хелем Нејсе од Босна и Херцеговина, ДЈ Сарди од Албанија, Who See од Црна Гора и Уран Б од Косово.

„All-Western Balkans Jam“ е во организација на Советот за регионална соработка со поддршка од Владата на Северна Македонија.

Од четврток, цените за мобилните разговори, текстуалните пораки и интернетот во Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово паѓаат на нула денари, односно граѓаните кога ќе патуваат во овие држави ќе зборуваат и сурфаат по исти цени како и дома.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза