Јавен повик за формирање на Иницијативен одбор за формирање на Локално собрание на млади
I.Иницијативниот одбор (ИО) е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Локалниот младински совет (ЛМС).
Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади.
Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ката за млади во Општината.
Улога и задачи на Иницијативниот одбор:
-Поддршка на општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС;
-Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на општина Радовиш по принципот на јавност и транспарентност,
Соработка со општина Радовиш при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади.
Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на општина Радовиш.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови