Синоќа Радовиш беше зафатен со силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветер, и беше на поширокото подрачје на Радовиш каде што беше предизвикана материјална штета и откорнати повеќе дрвја, искршени се гранки и се случија повеќе запушувања на решетките за атмосферска вода.
Вработените на Комуналното претпријатие и Против пожарната едница од Радовиш веднаш започнаа со расчистување на последиците по престанокот на невремето со цел да овозможат одвивање на сообраќајот и пристап до објектите.
Во текот на денешниот ден се продолжува со санација и на сите други последици од невремето.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови