Денес ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. УВ=7
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Околу пладне и попладне променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.
T= 30 °C, P= 974 hPa, U= 52 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=9
До петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура.
Во петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
УХМР
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови