9 ЈУЛИ: ПРЕД 148 ГОДИНИ, ВО 1873-ТА, ОД СОЛУН ЗА СКОПЈЕ ТРГНАЛ ПРВИОТ ВОЗ

Првиот воз во Македонија тргнал по нецелa половина век од пуштањето на првата железница во светот. Тоа се случило на денешен ден, 9 јули 1873 година, кога е пуштен во сообраќај првиот воз на меѓу Скопје и Солун.

Први железни вагони на шини се употребувале уште во 16 век во Германија и во Англија за превоз на ископана руда, а влечени од коњи. Англискиот инженер Џорџ Стивенсон (1781-1848) ја измислил првата парна локомотива во 1814 година, која имала моќ со брзина на пешак да влече неколку рударски вагони.

Првата јавна железница во светот е отворена на 27 септември 1825 помеѓу градовите Стоктон и Дарлингтон во Англија.

По пуштањето на првата јавна железница во Македонија помеѓу Скопје и Солун, во 1888 година се спојува вардарската со моравската железница.

Во 1916 почнува со изградба линијата од Ханриево (Ѓорче Петров) до Охрид преку Тетово, Гостивар, Кичево со крак кон Струга и Ташмаруништа, но пругата е теснолинејка, а возот наречен „пампур“ или „чајниче“. Во 1923 година се поврзува пругата Генерал Ханрис (денешно Ѓорче Петров) – Охрид со Скопје односно пругата била продолжена од Ханриево до Мала станица (наспроти зградата на некогашна НИП „Нова Македонија“), а првата Железничка станица во Скопје е градена во 1937 година. Изградбата траела три години и во тоа време станицата во Скопје била една од најубавите на Балканот, со голем хол од 1000 метри квадратни, со подземни премини и повеќе покриени перони.

Теснолинејката Ѓорче Петров – Кичево почнала да се демонтира во 1948 година и била заменета со нормален колосек во две фази, првата до Гостивар била до 1952 година, а вториот дел до Кичево во 1969 година, додека делот до Охрид останал до денес како нереализиран проект.



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза