ДО СКОПЈЕ ПРЕКУ ШТИП – почна транзитирањето низ улиците во Штип

Сите кои го користат патот Радовиш-Штип и патуваат кон Скопје, ќе мора да возат низ Штип во наредните неколку месеци бидејки сообраќајот ќе биде забранет на обиколницата од населбата „Три Чешми“ до клучката и мостот на реката Брегалница. 

Ова е дел од втората етапа при изградбата на новиот експересен пат Штип – Радовиш.  И покрај противењето на штипјани кои сметаат дека освен огромениот метеж тоа ќе остави последици и по куќите што се веднаш покрај патот, а особено се плашат за неколку куќи заштитени со закон како архитектонско културно наследство од вчера започна транзитирањето.

Штипската општина исто така бараше друго решение, бидејќи на овој начин ќе се оптовари една од главните градски артерии, каде и вообичаено има голема фреквенција од автомобили, но од Министерството за транспорт и врски добија одговор дека тоа е единствена алтернатива.

 

*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза