ИЗМАМА ВО РАДОВИШ – КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТЕТОВЧАНЕЦ ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО „ИЗМАМА“

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Р.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 29.05.2021 пријавениот околу 18:00 часот телефонски го побарал П.А., му се претставил како сопственик на транспортна фирма од Тетово и побарал од П.А. да му даде пари за да плати казна на Граничниот премин Ново Село, по што околу 20.00 часот ќерката на П.А. на бензинска пумпа во Радовиш му дала пари на пријавениот.

Откако П.А. подоцна се јавил на сопственикот на транспортната фирма од Тетово дознал дека тој нема испратено лица во Радовиш, констатирал дека бил доведен во заблуда со лажно прикажување на факти од пријавениот, односно дека станува збор за измама.

*фото Архива

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза