ОПШТИ ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

1. Општи препораки за заштита од топлотен бран

–  За  време  на  топлотен  бран  избегнувајте,  колку  што  е  можно,  излегување во надворешна  средина  во  периодот  од  10:00-17:00  часот.  Неопходните  работи завршувајте ги пред 10:00 часот или после 17:00 часот.

–  За  време  на  топлотен  бран  во  периодот  од  10:00-  17:00 часот, да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности.

–  Останете,  колку  што  е  можно,  во  затворени климатизирани простории (обичните вентилатори  не  помагаат  кога  температурата  е  над  35  степени).  Затворете  ги прозорците и ролетните во тек на денот, отворете ги навечер кога температурата е пониска.

–  При  неопходен  престој  на  отворен простор, избегнувајте директна изложеност на сонце, најдете можности за почести одмори под сенка.

–  Носете  светла  и  лесна  облека  (светлите  бои,  во  извесна  мера  ја  одбиваат светлината)  од  природни  такенини  (памучни,  ленени),  ставете  заштитни  очила и капа.

–  Внесувајте  големо  количество  на  течност  (не  чекајте  да  бидете  жедни), почнувајќи  од  обичната  вода  за  пиење,  па  сѐ до  минерализирани безалкохолни пијалоци. Избегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.

–  Внесувајте  помало  количество  на  храна.  Избегнувајте  мрсна  и високо-калорична храна и храна која содржи поголемо количество шеќер.

– Туширајте се со студена вода повеќе пати во денот (или ставете студени облоги и чувајте ги нозете во студена вода).

– Кога сте во возило, отворете прозорец, за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно  затворените  возила  стануваат  многу  жешки.  Не  оставајте  никого  во возилото.

–  Хроничните  болни,  посебно  тие  со  срцеви,  невролошки  и  белодробни  болести, потребно  е  да  бидат  многу  дисциплинирани  во  однос  на  овие препораки и редовно да  ја  земаат  својата  терапија.  За  секакви  промени  на  здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

– Пред употреба на свеж зеленчук и овошје, задолжително е нивно миење.

– Термички подготвена храна, да се конзумира веднаш после подготовката. Ако тоа не  се  направи,  подготвената  храна  да  се  стави  во  ладилник  на  температура  до +8 Целзиусови степени, а пред употреба, да се загрее на +100 степени.

–  Да  се  избегнуваат  производи  кои  не  се  термички  обработени (домашен мајонез, сладолед, разни кремови).

–  Консултирајте  се  со  својот  доктор, доколку почуствувате невообичаени симптоми кои траат подолго време.

– Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или чувство на интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место, колку што е можно  побрзо  и  измерете  ја  својата  телесна  температура.  Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате.

–  Ако  имате  болни  грчеви  во  мускулите  на  нозете,  рацете  и  стомакот,  што побрзо одморете  се  на  постудено  место  и  напијте  се  течност  што  содржи електролити. Медицинска помош е потребна ако грчевите траат подолго од еден час.

–  Ако  некој  член  од  вашето  семејство  или  лице  на  кое  помагате,  има  топла  и сува кожа или е во бесознание, веднаш повикајте 194! Додека се чека итната медицинска помош,  префрлете  го  на  студено  место  и  ставете  го  во  хоризонтална положба, подигнете  му  ги  нозете  и  колковите,  отстранете  му  ја гардеробата, воспоставете надворешно  ладење  (студени  облози  на  вратот,  пазувите  и слабините и постојано прскајте  му  ја  кожата  со  вода).  Мерете  му  ја  телесната  температура.  Не  давајте терапија.  Ако  лицето  е  во  бесознание,  не  треба  да лежи на грб, туку завртете го во странична положба.

 

*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза