СВР: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПЕТ ЛИЦА ЗА СТОРЕНИ ДЕВЕТ КРИВИЧНИ ДЕЛА „ТЕШКА КРАЖБА ВО ОБИД“

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против три полнолетни лица од Радовиш и едно известување за две малолетни лица од Штип, кои престојувале во Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месеците мај, јуни и јули 2021 година извршиле девет кривични дела на подрачјата на Радовиш.
Петте лица се сомничат дека сториле шест кривични дела „тешка кражба “ и 3 кривични дела „тешка кражба во обид“ во објекти сопственост на  физички и правни лица, лоцирани во  Радовиш и на планина Плачковица.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.
СВР Струмица
*Фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза