МЕМОРИЈАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ,,СПАСОВ КОСТАКЕ-ЦОЦО“

П.К Бел Камен оваа година по 15-ти пат го организира Меморијалниот Марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2021” во спомен сеќавање на нашиот планинар и другар Спасов Костаке.

Маршот го посветуваме и на нашиот голем пријател и поддржувач Маестро Драгомир ШОИЌ и од оваа година и на нашиот почитуван домар и планинар Гогов Ристе – Ринго.
По тој повод Ве покануваме да земете учество на овој меморијален марш кој ќе се одржи на 14 и 15 август 2021 год (сабота и недела) – информираат од П.К Бел Камен

Почитувани планинари и љубители на природата!

Самиот марш ќе се одржи на 15.08.2021 по следната програма:
Тргнување од пред планинарски дом Џумаја во 8.30 ч. до врв Бел Камен, со скратена алтернатива за оние кои не можат да ги издржат тој марш. Самата патека е долга околу 28 километри и е во времетраење од околу 7 часа, а кратката е околу 17 километри. Кратката патека е лесна низ ливади, потоци и реки, и е погодна за сите возрасни планинари. За оние кои сакаат искачување на Лисец и Бел Камен, ќе бидат организирани посебни водичи. По пристигнувањето на сите учесници и гости ќе им се послужи ручек.После ручекот, планинарско дружење и во 17 ч. заминување од П.Д. Џумаја.

За оние планинари кои сакат да дојдат на 14.08.21 (сабота) сместување ќе има во П.Д Џумаја, кое ќе биде бесплатно.
За непречено организирање на маршот во однос на сместувањето и учеството на маршот,Ве молиме задолжително да го пријавите вашето учество најкасно до 13.08.2021 год.
Напомена:Сите учесници на маршот да бидат здрави и психофизички подготвени. Ве замолуваме да ги почитувате Ковид – 19 протоколите.
Контакт:
Ѓорги Симеонов – 070 302 021
Цане Николов – 078 892 182
Славе Спасов – 070 319 030

 

 

П.К Бел Камен

*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза