“СОБА НА МОИТЕ ВРЕМЕНСКИ ЗОНИ” – излезе од печат најновата поетска книга на Борче Панов

Деновиве од печат излезе од печат најновата поетска книга “Соба на моите временски зони” од познатиот македонски поет и наш сограѓанин Борче Панов. Издавач на книгата е нашата најпозната издавачка куќа Матица македонска, а  уредник на изданието е Раде Силјан. Книгата е подржана пд страна на Министерството за култура како издавачки проект од национално значење.

Инаку Борче Панов е роден во Радовиш, во 1961 г. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје во 1986 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1998 година. Автор е на 12 поетски книги: „Што виде Чарли Ч од наопаку“ (1991), „Циклонско око“ (1995), „Стоп Чарли“ (2002), „Такт“ (2006), „Стаклена гатанка“ (2008), „Базилика на ракописот“ (2009), „Заумна вечера“ (2012), „Вдах“ (2014), „Човечки тишини“ (2016) „Уханија“ (2017) „Глочка школка“ (2019) и „Соба на моите временски зони“ (2021). Тој е автор и на осум алтернативни драми.

Борче Панов е застапен во повеќе антологии во Македонија, како и во антологии и зборници во земјите од Балканот, Европа и во светот. Неговата поезија е преведена на 25 јазици во светот.

На крајот на 2016 година, во Бугарија беше објавен двојазичен избор на неговата поезија на македонски и бугарски јазик „Честички хематит“, а во 2017 година беше објавен превод на неговата книга „Вдах“ на словенечки јазик од издавачката куќа „Маус“ од Марибор. На крајот на 2018 година беше објавен избор од неговата поезија на српски „Бричење балон“ од Друштво на писатели на Србија, а на почетокот на 2019 година беше објавена и неговата книга „Фотостихеза“ на бугарски јазик. Во 2021 година е објавен изборот на песни на Борче Панов на хрватски јазик „Крв што жонглира со осум илјади поетски мисли“, како и избор на негови песни на англиски јазик „Undeground Apple” во престижната издавачка куќа Demer press во Холандија.

Добитник е на повеќе книжевни награди во Македонија и светот. Во 2021 година, Борче Панов ја доби Светската награда за поезија „Сахито“ како прв добитник на наградата во конкуренција на големи современи поети од коиу неколку билеи кандидти за Нобелова нагрљада за книжевност. Во март 2021 година, за книгата „Бричење балон“ – избор на неговата поезија на српски јазик, тој доби значајно признание од светски ранг, Светска награда за поезија Премио Мондијале, како и други награди.

Борче Панов е автор и на алтернативните драмски текстови:

  • „Петто календарско време” (2000)
  • „Градот двојник” (2001)
  • „На сред сокак слепа улица” (2002)
  • „Хомо сапуненс” (2004)
  • „Фатете го месечарот„ (2005)
  • „Поделен од сопствениот нос” (2006) и
  • „Летно кино„ (2007)

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза