ПОВРЕДЕН ТРАКТОРИСТ НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ РАДОВИШ-СТРУМИЦА

На 13.07.2021 година во 21.20 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека на магистрален пат А-4, Радовиш-Струмица, во близина на село Воиславци, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „волво“ со полуприколка „шмиц“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.В. (72) од Струмица и трактор „имт 533“, без регистарски ознаки, управуван од А.Ф. (54) од село Сулдурци, радовишко.

 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

СВР Струмица

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза