I. Опис на јавниот повик: Локалното Собрание на млади на Општина Радовиш распишува Јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Радовиш.
Јавниот повик се објавува на веб-страницата на Општина Радовиш, во локалните медиуми, на социјалните мрежи и на други јавни места.
II. Право на учество: Јавниот повик е упатен до формите на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, а тоа се: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат активности на територијата на Општина Радовиш.
III. Потребни документи: Младинските организации заинтересирани да аплицираат треба да ги достават и следните документи:
1. Портфолио на организацијата/групата/здружението
2. Годишна програма за работа на организацијата/групата/здружението
3. Извештај за работата на младинската организација / здружението за изминатата година или друг документ во кои се наведени реализирани активности со млади, младински политики и иницијативи на подрачјето на Општина Радовиш,
4. Писмо со номинација за член/членови на локалниот младински совет и контакт информации за истите
5. Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.
IV. Начин на поднесување на документите, рок и место: Сите заинтересирани младински организации кои ги исполнуваат условите наведени во овој Повик, можат да поднесат Пријава за номинација на свои претставници со потребната документација, секој работен ден од 07:30-15:30 часот до крајниот рок за поднесување на пријави:
– во архивата на Општина Радовиш на адреса Бул. „Александар Македонски“ бр. 7
Писмената документацијата се поднесува во затворен плик означен со ознака: „За јавен повик за член на „Локален младински совет“.
V. Период на траење на јавниот повик: Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Радовиш, односно од 27.07.2021 година до 06.08.2021 година (краен рок)