ВМРО-ДПМНЕ ВЧЕРА ИЗВРШИ ИЗБОР НА УШТЕ ЕДНА ГРУПА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

ВМРО-ДПМНЕ вчера изврши избор на уште една група на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори во октомври. По вечерашната седница на Извршниот комитет, брифираа од партијата, стигнале до бројката од 45 одбрани кандидати. Имиња, засега, не соопштуваат.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во гостување на една ТВ најави дека ќе ги промовираат кандидатите на средината на август.

„Некаде кон средината на август, граѓаните ќе може да очекуваат промоција на скоро сите кандидати за градоначалници. Така што, за период од околу еден месец, ќе бидеме во ситуација кадешто сите градоначалници, скоро сите градоначалници, ќе бидат промовирани. Тоа се 95% нови кадри“ изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што опозицијата засега не ги соопштува имињата на мнозинството одбрани кандитати, партијата сепак направи исклучок за две имиња. Во Прилеп, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Борче Јовчевски, актуелен советник во Советот на Општина Прилеп, а по професија специјалист по ортопедија. Во Охрид, пак, кандидат на опозицијата ќе биде актуелниот пратеник Кирил Пецаков, кој по професија е доктор-стоматолог.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза