ПРОДОЛЖЕН РОКОТ НА СТАРИОТ ЗАКОН ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

На денешната седница Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои важноста му се продолжува за уште 5 години. Оригинално донесен во 2011 година, важноста на овој закон истече во март годинава.

Владата и Министерството за транспорт и врски, за продолжувањето на рокот на важноста на законот велат дека е поради тоа што има многу предмети кои се поднесени во законските рокови, но се заглавени во жалбена постапка или во постапка пред управните судови.

Рокот на важноста на законот кој се продолжува, предлагачите велат дека ќе се овозможи завршување на овие предмети и заштита на правата на граѓаните кои имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект.

 

*слики Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза