РЕМИ НА ДЕТОНИТ ОД КОНТРОЛНИОТ СО БЕЛАСИЦА

ФК Детонит одигра нерешено во вчерешниот контролен натпревар со стумичка ФК Беласица, натпреварот се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Стрелец на погодокот за детонитци беше младиот Горан Стојанов.

ФК БЕЛАСИЦА – ФК ДЕТОНИТ 1-1 (0-0)

 

Нашиот второлигаш ФК Детонит со овој натпревар комплетираше три контролни натпревари пред почетокот на првенството кое започнува на 21 август.

Беше одигран контролен со ФК Победа во Прилеп каде што заврши со резултат 3-1, потоа контролка со Академија Пандев во Струмица 1-1, а следуваат уште контролните натпревари против екипите на ФК Саса на 24.јули, ФК Василево на 28.јули, со ФК Тиквеш на 01. август, со ФК Трајал од Крушевац Србија на 03. август и контролката со ФК Кит-Го во Пехчево каде што нашата екипа ке биде на припреми на 07. август, и пред почетокот е планиран последниот контролен со ФК Кожуф од Гевгелија.

Се надеваме дека нашиот второлигаш ФК Детонит успешно ќе ги заврши подготовките и ќе влезе подготвен на почетокот од второлигашкото натпреварување оваа сезона.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза