ДЕНЕС И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО МОЖНОСТ ЗА ПОРОЕН ДОЖД

Денес и утре ќе се задржи променливо облачно и посвежо време, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 27 Пожаране, 22 Претор, 20 Крушево, 17 Скопје – Петровец, Дојран, 16 Битола, 13 Тетово, 12 Охрид, Дебар, 10 Прилеп, Ѓуриште, 7 Скопје – З. Рид, 6 Демир Капија, Куманово, 2 Штип, Струмица.

Денес, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. УВ=7

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. T= 28 °C, P= 973 hPa, U= 80 %, V= 6 m/s.

Утре, променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. УВ=7

 

УХМР


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза