Денес ќе биде сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. УВ=9
И утре ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.
10 јули – Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. УВ=8
11 јули – Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. УВ=8
12 јули – Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. УВ=8
УХРМ
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови