ЕДНО ПОИНАКВО ЛЕТУВАЊЕ ВО ПЛАНИНА – ОДРЖАН „ЛЕТНИОТ СПОРТСКИ КАМП ПЛАЧКОВИЦА 2021“

Втора година по ред се одржаа Летен спортски камп ПЛАЧКОВИЦА 2021.

И оваа година околу 50 дечиња партиципираа во едно поинакво летување во планина, користејки ги сите бенифити и можности на самата планина.

Кампот се лоцираше пред планинарскиот дом Џумаја , сите деца беа сместени во шатори, и ги користеа спортските терени на хотел Бел Камен.

На дневна основа имаше агенда со активности почнувајќи од утринска фискултурна, доручек, планинарење секој ден на различни дестинации, ручек, едукативни работилници (ориентација во природа и прва помош), спортски игри и натпревари, вечера , логоров оган, и секоја вечер забава проследена со многу дружење.

Среќни сме што овај камп полека прераснува во традицијата и се поголем е интересот за негова посета, како за деца така и за возрасни – истакаа организаторите на овој камп.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза