Изминатата недела ДК„ Невена“ во соработка со своите пријатели го реализираше Креативенот интегриран капм РАДОСТИ, Охрид.
Креативни, радосни и насмеани дечињата го поминуваа секој ден, а навечер богата програма и голем број на активности, со прошетка до комплексот “Св. Наум”, утринска прошетка до Св Стефан, а исто така дечињата имаа задоволство да бидеат домаќини на првата промоција на книгата „Борко брзозборко“ од Ксенија Маказлиева Трајчева .
Исплетовме мрежа на пријателство помеѓу децата од Радовиш, Струмица и Штип. Се роди можеби и некоја симпатија, затоа ќе читаме во творбите кои нашите летувалци ги создаваа. ДК „Невена“ продолжува да биде активна цело лето, на сите летувалци и соработници од срце им благодариме. Со љубов тимот на ДК„Невена“ За свет со еднаквост за сите за насмевка на секое детско лице – информираат од ДК „Невена“ Радовиш.
Фото: ДК „Невена“ Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови