РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ НА РЕКА СУШИЦА ВО РАДОВИШ

Во петокот се одржа отворена работилница за подигнување на свеста за климатските промени на местото каде што се изведуваа градежните активности на делови од коритото на река Сушица, во општина Радовиш.

Настанот се спроведува во рамките на проектот „Заеднички активности за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“,кофинансиран од страна на Европската унија преку Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА меѓу Бугарија и  Македонија 2014-2020, CCI No2014TC16I5CB006 кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имплементира во партнерство со општина Радовиш и општина Сандански, Р.Бугарија.

На настанот присуствуваа околу 60 учесници од кои вработени во Општина Радовиш,  средношколци од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш и средношколци од СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица. Како дел од програмата на работилницата беа спроведени интерактивни игри и активности за расчистување и пошумување на местото каде што се изведуваа градежните активности со цел да се зголеми свеста кај младите за последиците од климатските промени и слични ризици како што се ерозија, поплави, суши и други непогоди.

На младите учесници на отворената работилница од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион им беа доделени сертификати за учество и посебен придонес во проектот, а награди беа доделени на најдобрите учесници кои успешно го пласираа своето знаење во интерактивните игри.

Главната цел на проектот е да се спроведат мерки за прилагодување на климатските промени поврзани со намалување на ризикот од поплавување во општините Радовиш и Сандански.

Проектот е кофинансиран од Европската унија и Националните фондови на земјите учеснички.

 

Центар за развој на Југоисточниот плански регион


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза