ЗАПОЧНУВАAT ИЗГОТВУВАЊATA НА РЕШЕНИЈАТА ЗА ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ

До крајот на неделата се очекуваат субвенции за овчарите

Измената на Програмата со која се предвидуваат 3 милијарди денари за директни плаќања за земјоделството помина во Влада во петокот, а вчера е објавена во Службен весник, потврдува за Зелена берза Никица Бачовски, директор на Патежната  агенција.

Бачовски потврдува дека од денес започнуваат со изготвување на списоците со  решенија за исплата на субвенциите за овци.

-Очекувам Министерството за финансии да ги изврши трансакциите до крајот на неделата, потврдува Бачовски.

-Потоа продолжуваме со етапна исплата на субвенциите за градинарство, за говеда, кози, пчели, свињи, сертифициран семенски материјал, за предадени овошни, предадени градинарски производи и 2 денари за грозјето.

Во меѓувреме ќе ги исплатиме тутунари кои се раздолжија во овој период.

Исто така започната  е процедурата за дополнување на картиците за гориво за земјоделската механизација (зелена нафта) , вели Бачовски во изјава за Зелена берза.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза