ДОЖД И ГРМЕЖИ ОД СРЕДА, ДЕНЕС ТОПЛО ВРЕМЕ СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 39 СТЕПЕНИ

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8

Утре ќе преовладува исто така сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во горниот дел на Повардарието од северен правец. УВ=8

До среда ќе се задржи многу топло време. Дестабилизација со локална појава на пороен дожд и грмежи се очекува во среда попладне, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура од четврток ќе се намали за неколку степени, а во петок врнежи од дожд се очекуваат на повеќе места.

 

УХМР

 

*Фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза