Aпликација за CommonPass сертификат за патување во странство.
Ова е дополнителна опција покрај националниот сертификат која ќе им служи на граѓаните за непречено функционирање за време на патувањата и е едноставна за употреба преку смарт телефоните. CommonPass е унифицран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу.
Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој CommoPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.
За преземање на овој сертификат треба:
1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk
2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина.
3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.
4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass
5) За да креаираат дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass„ oд Google Play Store/App Store
6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD
7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотiја да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скренирајте директно од хартија.
Министерство за здравство
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови