Детско катче ” Невена ” кое работи во склопот на Здружението на граѓани “Невена за тебе, за мене, за нас” прослави три години постоење.
Од самото постоење до денес “Невена” има за цел една и единстевна мисија. КВАЛИТЕТНО ПОМИНАТО СЛОБОДНО ВРЕМЕ на сите деца.
Под мотото “За свет со еднаквост за сите, за насмевка на секое детско лице” веќе две години се спроведува проектот: Бесплатен логопед за децата со пречки во развој и децата од ранливи семејства. Исто така ДК” Невена” се единствени во нашиот град кои нудат целодневен престој и згрижување на децата од школската возраст.
Од новата учебна 2021/2022 ДК” Невена” се подготвува и за реализација на нова есукативна СТЕАМ програма според Tinker Labs франжизата. Сите проекти кои досега се реализирани, како и оние кои допрва ќе се реализираат се во функција на правилниот раст и развој на децата и децата со попреченост.
Во организација на ” Невена” исто така е и Поетската манифестација за деца и млади” Пролет на сребрените соништа” која оваа година ќе се одржи по четврти пат, а е под покровителство на оштина Радовиш. По повод нивниот роденден од ДК”Невена” изјавуваат дека ќе останат посветени на нивната мисија- квалитетно поминато слободно време, за да можеме од мали да ги научиме децата на свет со еднаковст за сите за насмевка на секое детско лице.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови