Почитувани граѓани, нашата општина доби 9,9 милиони долари од ФАО – Светската организација за храна и земјоделие. Со овие средства ќе се ревитализира целокупниот систем за наводнување во Радовишко поле по најсовремени методи за користење на водата.
Воедно, ќе се изградат сите полски патишта во вредност од 1,8 милиони долари. Радовиш е единствен град во Европа кој добива вакви средства од ФАО – со седиште во Рим, Италија.
Проектот започнува со реализација во април, 2022 година и завршува до крајот на 2024 година.
Општината доби 800.000 евра грант од Европската унија за изградба на дистрибутивен центар со енергетска ефикасност. Проектот опфаќа заеднички систем за греење со биомаса и обновливи извори на енергија за следните објекти:
– Детска градинка „Ацо Караманов“ – објект Цветови
– Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“
– Гимназија „Коста Сусинов“
– Општинска зграда каде се сместени локалната самоуправа, подрачните одделенија на министерствата и полицијата, и
– Спортската сала, која после 35 години од изградбата ќе добие затоплување.
Предвидено е да овие објекти централно се загреваат од едно место – котлара во спортска сала.
Информираа од општина Радовиш