ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021: ПАРТИИТЕ СО АКТИВНОСТИ- ЧЛЕНОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПРЕДЛАГААТ КАНДИДАТИ ЗА СОВЕТНИЦИ

Партиски активности: Започнува предлагањето на кандидати за советници од страна на членовите на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш, од партијата информираат дека право на предлози ќе има секој член кој може да присуствува на состанокот за предлагање на кандидати.

„Транспарентно го објавуваме распоредот на состаноци за предлагање на кандидати за советници на дел од Месните Комитети на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш. Состаноците ќе се одржуваат во седиштето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш, а право на присуство и предлози на кандидат за советник има секој ажуриран член од соодветниот МК на ВМРО-ДПМНЕ., Заеднички и сплотени членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изберат најдобрите кандидати за советници.“ – се вели во известувањето од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.

 

*фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза