ПРЕДАДЕНО ВО УПОТРЕБА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО ВОЗИЛО ЗА ТРАНСПОРТ И ТЕРЕНСКА РАБОТА НА НЕГУВАТЕЛИ НА СТАРИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Радовишката фирма УАЗ Патриот која е генерален застапник за територијата на Македонија го пласираше првото санитетско возило во категоријата санитетско возило со зголемена проодност.

Во Општина Крива Паланка беше предадено во употреба специјализирано возило за транспорт и теренска работа на негуватели на стари лица во домашни услови и за потребите на  корисниците на услугите.

Набавката на возилото е дел од проектот „Одговорни институции- среќни граѓани” кој Општина Крива Паланка  и Црвен крст го имплементираат со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка, во рамки на проект за подобрување на социјални услуги.

Проект е насочен кон помош и нега на стари лица во домашни услови, а во претходниот период беше извршена обука на 20 негуватели кои ќе пружат нега на 40 стари лица во домашни услови.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза