УСЛОВИ И ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Врз основа на член 25-б став 2 и став 3 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавува четири Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и тоа : ЈАВЕН ПОВИК бр.01/21ЈАВЕН ПОВИК бр.02/21ЈАВЕН ПОВИК бр.03/21 и ЈАВЕН ПОВИК бр.04/21.

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК 01/21

Е давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во следните региони: Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, Карпош, Куманово и Свети Николе.

Предмет на постапката на овој повик може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК бр.02/21

Е доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во следните региони: Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш и Велес.

Предмет на постапката на овој повик може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК бр 03/21

Е доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во следните региони: Берово, Пехчево, Валандово, Гевгелија, Струмица, Прилеп и Штип.

Предмет на постапката на овој повик може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК 04/21

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица и Тетово.

Предмет на постапката на овој повик може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има насад кој не е подигнат од страна на поранешен корисник на земјоделско земјиште во државна сопственост кој користењето го имал врз основа на склучен договор, акт на орган на државната управа или единица на локалната самоуправа или судска одлука врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

Предмет на понудата во сите четири јавни повици може да биде само земјоделско земјиште кое не е предмет на тековни јавни огласи објавени на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанството.

II.МАКСИМАЛНА ПОВРШИНА И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО  ВО ПОСТАПКАТА во однос на Јавите повици 01/21, 02/21 и 03/21

Површината за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе или дел од катастарска парцела) изнесува  најмногу до 3 хектари. Понудата се доставува за земјоделско земјиште на кое нема подигнато долгогодишни насади и кое во катастарот на недвижности е запишано со  катастарска класа 3, 4, 5, 6, 7 и 8.

II.МАКСИМАЛНА ПОВРШИНА И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО  ВО ПОСТАПКАТА во однос на Јавниот повик 04/21

Површината за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе парцели или дел од катастарска парцела) изнесува најмногу до 3 хектари.

Понудата се доставува за земјоделско земјиште над кое има насад со старост не помлад од две години.

НАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАКУПОТ

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост во однос на Јавите повици 01/21, 02/21 и 03/21 е за:

  • подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години,
  • подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
  • подигање на маслинарници за период до 50 години,
  • одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
  • ливади за период до 15 години,
  • за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа нанадморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
  • рибници до 20 години и
  • спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост во однос на Јавиот повик 04/21, е за

– одгледување на надолгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години,

– одгледување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

– одгледување на маслинарници за период до 50 години,

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот повик и можат да достават само една понуда за учество.

Физичките лица треба да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во  Република Северна Македонија.

На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно – истражувачки дејности.

Право на учество на јавниот повик немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување.

Право на учество на јавниот повик немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.

ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ПОНУДУВАЧОТ ТРЕБА ДА ЈА ДОСТАВИ СО ПОНУДАТА

Учесниците на јавниот повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп треба да достават:

а) за правни лица:

  • пoнуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или од веб страната на Министерството www.mzsv.gov.mk);
  • доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица,
  • доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување,
  • бизнис план кој содржи основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користи земјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти и очекувани производно-економски резултати и износ на планирана инвестиција (бизнис планот треба да биде потпишан на секоја страна од страна на управителот на правното лице или од овластено лице за потпис со прилог овластвање заверено на нотар),
  • изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот повик, а која е во спротивност на членот 24 од овој закон,
  • изјава заверена на нотар за веродостојноста на податоците дадени со пријавата за учество,
  • доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар),
  • понуда за износот на годишната закупнина,
  • изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и
  • геодетски елаборат за кое земјоделско земјиште во државна сопственост се однесува понудата за добивање во закуп (изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи со кој ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост).

б) за физички лица:

  • понуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или од веб страната на Министертвото www.mzsv.gov.mk);
  • доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување,
  • фотокопија од лична карта,
  • потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства, решение за регистриран вршител на земјоделска дејност или доказ од централен регистар за регистриран трговец поединец,
  • програма за користење на земјиштето која содржи основни податоци за семејството, техничко – технолошката опременост, целта за која ќе го користи земјиштето и пазарните аспекти и износ на планирана инвестиција (програмата треба да биде потпишна  на секоја страна од подносителот на понудата),
  • изјава за веродостојноста на податоците дадени со пријавата заверена на нотар,
  • изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот повик, а која е во спротивност на членот 24 од овој закон,
  • доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар;
  • понуда за износот на годишната закупнина,
  • изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и
  • геодетски елаборат за кое земјоделско земјиште во државна сопственост се однесува понудата за добивање во закуп (изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи со кој ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост).

ВАЖНА НАПОМЕНА: На овој јавен повик може да се достави Геодетски елаборат изготвен и пред објавата на повикот, доколку податоците соодветствуваат со катастарските индикации во Агенцијата за катастар на недвижности во моментот на доставување на понудата, со прилог на нов имотен лист (не постар од денот на објавата на јавниот повик) за земјоделското земјиште предмет на понудата.

Потребната документација се доставува во оригинал или во фоткопија заверена на нотар (освен личната карта за физичките лица).

Образецот за учество на јавниот повик треба да биде пополнет целосно со сите потребни податоци, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.

Условите предвидени во бизнис планот (за правни лица), односно пазарните аспекти (кај физички лица) ќе бидат составен дел на договорот со избраниот понудувач како договорни обврски кои ќе биде должен да ги исполни во обемот, роковите и на начинот како што ќе бидат опишани во договорот.

Некомплетни и ненавремено доставени понуди по јавниот повик нема да се разгледуваат.

Понудите со поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Понудата и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај” “Понуда по Јавен повик бр.03/21 за давање на земјоделско земјиште под закуп во регион (се впишува регионот)“ и во средина “Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје“. Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно испраќачот.

За допонителни информации понудувачите може да ја посетат веб страната на Министерството www.mzsv.gov.mk.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза