УТРЕ НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА ЌЕ СЕ РАЗГЛЕДУВААТ ПРЕДЛОЗИТЕ НА ГЛАВНИОТ КРИЗЕН ШТАБ

На денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19 и заштита на колективното здравје, донесен е заклучок на владина седница да се разгледа потребата од донесување одлука сите граѓани при влез и излез од државава да мора да приложат сертификат за вакцинација или потврда за прележан КОВИД-19, но не подолг период од 45 дена од заразувањето, или негативен ПЦР-тест.
Како што информира владината прес-служба, членовите на Штабот заземајќи одделни ставови и почитувајќи ги препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, донесоа предлози за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19 кои како одлуки ќе бидат разгледани на утрешната владина седница.
-На денешниот состанок се разговараше и за можноста, покрај задолжителната потврда за извршена вакцинација, за лицата над 18 години при влез во угостителски објекти на отворено, да важи и потврда за прележан  КОВИД-19, за период до 45 дена од заразувањето.
Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на ГККШ, е големиот број вакцинирани наставници и училиштен кадар, како и изработените протоколите за настава во училиштата.
*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза