ЈП Плаваја го збогати возниот парк со нови возила и машина со која се подобрува ефикасноста, работењето и квалитетот на услугите кон граѓаните.
Набавени се две товарни возила, едно теренско и една машина мини багер која треба да пристигне деновиве.
Во овој четиригодишен период докажавме дека со добро менаџирање, инвестирање во опрема и модернизација на јавното претпријатие може да се подобри комуналната услуга во општината.
Плаваја денес е успешно, финансиски консолидирано претпријатие!
Приоритет на градската управа останува зголемувањето на капацитетот на ЈП Плаваја и подобрувањето на услугите кон граѓаните.
Општина Радовиш