ПОДГОТВЕНИ УЧИЛИШТАТА ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА КОЈА ЗАПОЧНУВА УТРЕ

Училиштата се подготвени за новата учебна година која започнува утре, а ќе се одвива со физичко присуство и под утврдени здравствени протоколи. Фокусот е ставен на квалитетна и безбедна настава.

Мила Царовска, Министерката за образование и наука вчера истакна дека нема дискусии за менување на моделот на наставата за кој одлучува Комисијата за заразни болести. Исклучок е, вели, направен по однос на барањето на локалниот Координативен штаб на Тетово за преминување на онлајн настава за првите две недели од учебната година во тамошните средни училишта поради епидемиолошката состојба.

Учебната година ќе почне со отворени училишта за основците и средношколците. Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи препорача Главниот кризен штаб на 16 август, а одлуката наредниот ден ја донесе Владата на седница. Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комисијата за заштита од заразни болести, на барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза