ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ПРЕЗИМЕНИ ПЧЕЛИНИ СЕМЕЈСТВА ЗА 2020 ГОДИНА

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 5,885 субјекти, исплати 224 милиони денари за субвенции.

Станува збор за исплата на средства за сите земјоделци кои правно – законски се стекнале со право на добивање на финансиска поддршка за презимени пчелини семејства, како и субвенции за мали земјоделски стопанства дефинирано според историски плаќања за претходните три години. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, појаснува дека откако по ребалансот стана оперативен Буџетот апликациите се обработуваат забрзано.

„Освен апликациите за исплата на субвенции, забрзано се работат и картичките за зелена нафта. Економскиот оператор „Макпетрол“ веќе ги изработи картичките што значи дека многу брзо ќе почне и распределбата на картичките за „зелена нафта“ преку која земјоделците ќе може да точат субвенционирано гориво за земјоделската механизација“ – појаснува Бачовски.

 

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза