Ристов: Создаваме нова иднина – Културно деловен центар и нов градски пазар во Радовиш
Поминавме тешки четири години од осамостојувањето на Република Македонија,во кои чекајќи ја локалната власт да се договори кој е посилен, а кој послаб, тоа сакаат да го докажуват и на овие избори. Граѓаните повеќе немаат ниту време, ниту простор да чекаме, доста е, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Радовиш, Ацо Ристов.
Ние имаме поинаков пристап и поразлична понуда за сите вас. Ние имаме јасно дефинирана цел. Тоа е развиен, напреден, добро уреден, и посакуван Радовиш. Точно и прецизно го знаме патот кон тоа. Време е да се обединиме за нашата заедничка цел која ја имаме пред нас. Радовиш е град на сите граѓани. Секое место, секој граѓанин заслужува почит.
Вие сте тие кои ќе одлучувате што е приоритет и кога треба да се гради. Ние ви нудиме конкретни проекти од програмата кои ќе ги образложуваме во периодот пред нас.
Почнуваме со капитални проекти, објекти кои веќе 30 години никој не ги почнал да гради во Радовиш. Тоа граѓаните на Радовиш ни ги упатија како порака и го претворивме во проекти.
Еден од капиталните проекти кој му е неопходен на Радовиш е новиот Културно-Деловен центар, со подземен паркинг за 200 возила на две нивоа, со деловни простории, канцеларии, угостителски објекти, простории во кои граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите потреби од културен, деловен и забавен карактер, тоа е она кое му недостига на Радовиш, а никој досега не се нафати да го реализира.
Некои во своите коментари ќе кажат дека тоа е научна фантастика, но светот отиде премногу напред, а ние сме сеуште многу назад. Ова е капитален објект кој ја гарантирам дека ќе го изградам, во првите две години со тоа Радовиш со овој центар ќе донесе нови вработувања, нови можности за младите да добијат место за рекреација, работа, култура.
Центар со кој ќе се гордееме сите ние, нема повеќе младите да си заминуваат во локалните општини за забава или да ги реализираат своите идеи, тоа ќе го правиме во Радовиш, на начин на којшто радовишани тоа знаат да го прават. Ќе го вратиме периодот во кој сите доаѓаа во Радовиш заради култура или да се забавуват, време е младите да го добијат својот нов центар.
Втор капитален проект е нов Градски пазар.
Со овој проект ќе ја реши долгогодишната мака на земјоделците и не само на земјоделците, ќе се реши и маката на радовишани, доста е со купување на земјоделски производи на земја како да сме во 19-ти век, време е да си го вратиме своето достоинство и да изградиме културен објект за продажба на зелени производи и на млечната индустрија, за се она кое подразбира зелен пазар и мало стопанство.
Земјоделството и аграрната политика се зацртани како еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, која како народна партија своите политики ги заснова на традицијата и вредностите на македонскиот човек.
Радовиш, земјоделците и граѓаните ќе добијат нов градски пазар кој ке ги задоволува сите стандарди.
Ова е само дел од нашата програма. За да ја реализираме истата – потребна ни е вашата поддршка.
Истакна Кандидатот за Градоначалник Ацо Ристов на одржаната прес конференција