Home / Вести, Избори 2021 / АЦО РИСТОВ ОД ВОИСЛАВЦИ И СУЛДУРЦИ – „РАЗВИЕНА ОПШТИНА СО РАЗВИЕНИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА“
АЦО РИСТОВ ОД ВОИСЛАВЦИ И СУЛДУРЦИ – „РАЗВИЕНА ОПШТИНА СО РАЗВИЕНИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА“
„Го посетивме населеното место Воиславци. И овде повторно наидовме на истите проблеми на жителите: неасфалтирани улици, немање канализација, испразнети куќи и сл. Луѓето не знаат што да прават со грозјето, не знаат што ќе прават со јаболките, едноставно никој не ги прашува каде ќе го пласираат земјоделското производство. Подрачното училиште се повеќе трпи оштетувања а повеќенаменското игралиште е целосно уништено и никој не е загрижен за тоа. Велат, Воиславци е целосно заборавено во последните години. Запишавме и рековме дека ќе работиме посветено за сите населени места.“
„Во населеното место Сулдурци видовме многу загрижени лица. Го искажаа својот револт од тоа што, ниту нешто ново е изградено а и тоа што е изградено никој не го одржува. Нема ниту една содржина за младите и дечињата бидејки детското паркче никој не го одржува. За пензионерите нема ниту отворена ниту затворена просторија. Овде застанало времето. Сулдурци заслужува повеќе внимание.“ Развиена општина со развиени населени места – рече Ацо Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови