Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Македонија – Општинска организација Радовиш, во склоп на ЦКА-ПХВ неделата, која се одбележува од 21-27 септември, ја употребија својата креативност и умешност и поминаа многу часови од своето слободно време во изработка на друштвени игри.
Младите изработија 3 друштвени игри со наслов “Патот до ЦКА-ПХВ”, “Црвен крст часовник” и “Разнобојна коцка”.
„Денес младинците имаа можност да се дружат да ги играат овие игри кои опфаќаат теми поврзани со дисеминација, промоција на хумани вредности и промоција на добрите дела во заедницата. Се надеваме и ќе се потрудиме овие игри да ги играат уште поголем број младинци бидејќи се навистина интересен начин на дружење и учење преку игра.“ – истакнаа од Црвен крст на Македонија – Општинска организација Радовиш
*Фото Архива