ДАЛИ ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ДОБРИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ?

На локалните избори граѓаните гласаат за личноста, ова се единствените избори каде се забележува нагорниот тренд за гласање за личност а не за партија. Така, изјаснувајќи се за една личност тие гласаат за оние прашања што директно се однесуваат на нив и нивниот живот.

 Локалната власт и градоначалникот ја имаат моќта и потребните капацитети да ги исполнат очекувањата и да ги подобрат општините и нивното функционирање. Потребно е само да ги имаат способностите и волјата да започнат со една ваква обемна и одговорна работа. А дали ги имаат тие квалитети? Во ваква ситуација градоначалниците треба да бидат претприемачи, менаџери со општинските средства и капацитети.

Затоа е добро градоначалниците да бидат и претприемачи, да имаат искуство и знаење за управување и менаџирање со средства, со капацитети и луѓе. Има примери од претходните градоначалници кои го потврдуваат ова. Излегле од бизнис секторот и сопствените претприемачки вештини ги вложиле во управување со општините и тоа се покажало како успешно.

Еден од нив е Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и сопственик на „Кожувчанка“. Самите кавадарчани во повеќе анкети го истакнаа своето задоволство од работата на Јанчев, а промените во Кавадарци се и видливи. Митко Јанчев се кандидира за втор круг, а според досега сработеното и задоволството на граѓаните можно е и да го добие.

Сличен таков пример е и Исмаил Јакоски, градоначалникот на Пласница, општина со 5000 жители. Јакоски е докажан бизнисмен, претприемач и сопственик на повеќе фирми уште пред да застане на чело на оваа општина. А како градоначалник, освен што со работата си ја обезбедил довербата на своите сограѓани за повеќе мандати, тој е еден од оние ретките ако не и единствен градоначалник што често дава разни донации за граѓаните од сопствени, лични средства. Овие примери укажуваат на тоа дека претприемачите можат да бидат и успешни градоначалници. И во овие локални избори имаме имиња и личности со богато претприемачко наследство.

Ацо Ристов, кандидат за градоначалник на Радовиш е еден од најуспешните со сопствен бизнис и со волја да придонесе за промени во градот.

Ристов е сопственик на Алфа Инжинеринг, компанија којашто самиот ја создал и ја градел за денес компанијата да поседува недвижен капитал во вредност од 5 милиони евра, според пријавена добивка пред оданочување е рангирана на 113то место во 200те најголеми и најуспешни компании во Македонија и на 34то во брзо растечки компании, што е доказ за 20годишно успешно управување со компанијата.

Специјализирана е за високотехнолошки системи, со примена на нови технологии, индустриски и машински инженеринг, автоматизација, системи за управување со водоснабдување, градежен сектор и енергетика односно обновливи извори. Покрај тоа Ристов е познат и по хотелот Бел камен, за кој граѓаните на Радовиш велат дека некогашното запуштено и руинирано детско одморалиште го претвори во вистински планински ресорт. Ристов преку своите бизниси многу придонел за Радовиш.

Пред сè, иако тоа претставувале пречка, ја градел и развивал својата компанија во Радовиш, a со тоа се поттикнувала одржливоста на локална економија. Но токму заради волјата и желбата да придонесе за градот, Ристов Алфа Инжинеринг ја управува од Радовиш.

Следна е Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје. Данела е претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија веќе 7 години, период во којшто се докажа како успешен менаџер, со конкретни резултати во развојот на многу компании и даден голем придонес во општеството. Исто така и Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на Кочани е бизнисмен и претприемач кој триесетина години се занимава со сопствен приватен бизнис, а исто така зад себе има успешна компанија.

Градоначалниците не се само убава појава, благо-пријатна реторика што ни го кажува она што сакаме да го чуеме, туку, да се биде градоначалник подразбира работа а што е подобра опција отколку некој што веќе се докажал и со сопствен труд, знаење и способност создал кариера, наследство и капитал.

 

Повеќе на Опсервер.мк

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза