РАДОВИШ: КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ ОБВРЗАА НА ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРЕН ПРОЦЕС

Со потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, кандидатите за градоначалници денес се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори.

Денес во Салата на Советот на општина Радовиш во организација на ОИК беше потпишан Кодексот од страна на тројцата кандидати за Градоначалници, Ацо Ристов-кандидат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Коле Чаракчиев-кандидат од СДСМ и коалицијата, и Герасим Конзулов-кандидат од коалицијата ДОМ и ЛДП.

Надевајки се дека сите инволвирани страни, во целост и со доследност ќе го спроведат во пракса кандидатите за Градоначалници кои го потпишаа Кодексот си посакаа мирни, фер и демократски избори.

Горан Поцев-независен кандидат за градоначалник не го потпиша овој Кодекс бидејки како што истакна тој „не сакам да бидам дел од оваа игра на кандидатите за градоначалник и политичките партии која трае веќе 30 години, имено се потпишуваат нешто до кое не се придржуваат“ – истакна Поцев.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза