КОНЧЕ И РАДОВИШ: ОФИЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЛИСТИ ЗА СОВЕТНИЦИ

Веќе се објавени официјалните учесници за локалните избори кои ќе се одржат на 17 Октомври.

Листи за советници за Радовиш поднесени до ДИК се од страна на ВМРО-ДПМНЕ коалицијата „Обнова за Македонија“, со носителот д-р Моника Ристевска, СДСМ со коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ со носител Аница Бораниева-Атанасова, ТМРО со носителот на листата Сашко Панчев, Движење одлучно за промени со носителот Страхил Гавритов, и Група изборачи со носител Александра Трајанова-Илиев.

Актуелниот Градоначалник Конзулов кој минатиот мандат го доби со СДСМ, на овие избори е предложен од страна на Движење одлучно за промени, СДСМ и коалицијата го преложи кандидатот Коле Чаракчиев кој е и актуелен пратеник во собранието на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори за градоначалник го кандидираше познатиот радовишки бизнисмен Ацо Ристов, а како независен кандидат е Горан Поцев.

Во Конче се поднесени шест листи за советници и тоа: ВМРО-ДПМНЕ коалицијата „Обнова за Македонија“, со носителот  Александра Ристова, Стефанија Стојанова ја предводи листата доставена од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, листата доставена од партијата Единствена Македонија за предводи Зорка Донева, Демократската партија на Турците оди со носителот Исмет Чолаков, Родина Македонија оди со Васка Ристова, и Движење одлучно за промени со носителот Марјанчо Мицев.

Граѓаните на општина Конче ќе одлучуваат помеѓу три кандидати Златко Ристов е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ коалицијата „Обнова за Македонија“, Орхан Баров е кандидатот од Турската демократска партија, и актуелниот градоначалник Благој Илиев кој е кандидат од СДСМ и коалицијата.

 

*Линк ДИК

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза