ПЕРИОД НА СОНЧЕВО СО МАЛА ДО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 30 СТЕПЕН

Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и од денес дневните температури ќе бидат за 3 до 4 степени повисоко и понекаде во Повардарието ќе надминуваат 30°С. За време на викендот ќе има и услови за слаб локален дожд претежно во планинските подрачја.

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ=6

 

Утре ќе биде умерено облачно и потопло со услови за појава на краткотраен дожд во западните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ=6

 

УХМР


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза