ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА – за прв пат овие избори со примена терминали за отчитување на отпечаток од прст

Подготовките за претстојните избори е во тек, понеделник партиите ја почнуваат изборната кампања која ќе трае до 15 октомври, тие пред граѓаните ќе ја претстават својата изборна програма за следните четири години.

Овие избори за прв пат ќе бидат применети терминали за отчитување на отпечаток од прст на гласачите за што од страна на претставници од германската фирма „Дермалог“ се спроведува едукација на членовите на избирачките одбори. Првите терминали веќе се пристигнати во земјава, а до 1 октомври треба да пристигнат и останатите.

Се уште трае и рокот за поднесување на барања за набљудување на изборите. Сите заинтересирани може да аплицираат до 6 октомври.

Избирачкиот список во којшто граѓаните имаа можност да извршат увид, согласно Роковникот на ДИК, треба да биде заклучен во петок, на 24 септември, а една недела подоцна, на 1 октомври да биде потпишан.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза