ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД ПОПИСОТ- ПОПИШАНИ ЕДЕН МИЛИОН ГРАЃАНИ

Откако Државниот завод за статистика извести дека вчера се попишани повеќе од еден милион граѓани, министерот за правда, Бојан Маричиќ, на својот профил на „Фејсбук“ изрази задоволство од текот на процесот и посочи дека влегуваме во последната фаза од пописот кој се спроведува после 20 години.

„Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години!“,напиша во објава на Фејсбук Маричиќ.

Тој упати благодарност до попишувачите кои, како што рече, неуморно работат на терен за да се обезбеди подобра иднина за државата.

Милион граѓани ја завршија својата обврска и се попишаа. Успешниот попис е гаранција за сигурна македонска иднина, објави премиерот Зоран Заев, упатувајќи честитка до сите попишувачи и до целиот тим на Државниот завод за статистика за постигнатиот милион попишани граѓани.

– Милион причини нè водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години, стои во објава на фејсбук профилот на премиерот.

Претходно, Државниот завод за статистика објави дека до 15 часот денеска се попишани 1 000 034 лица.

Инаку, Државниот завод за статистика објави дека бројот на попишани до вчера до 15 часот е 1 000 034 лица. Пописот започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза