ПОТПИШАН КОДЕКС ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ ОД СТРАНА НА ПАРТИИТЕ

Кодексот го потпишаа претставници од сите политички партии, учесници на претстојните избори. Први го потпишаа претставниците на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Владо Мисајловски, а по нив Фатмир Бесими и Биљал Касами од ДУИ и БЕСА, Горан Милевски и Маја Морачанин од ЛДП и ДОМ, Зијадин Села и Афри  Гаши од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Кодексот го потпишаат и ДПА, ГРОМ, Демократската партија на Турците, Партијата за движење на Турците, Левица, Интегра, ПОДЕМ, на Бошњачки демократски сојуз, Титови леви сили и Зелен хуман град.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски рече дека изборите и другите политички процеси се клучни за квалитетот на управувањето и дека можат во голема мера да го унапредат долгорочниот демократски развој на земјата, како и приоритетите, регионалните и глобални надворешни политики, а најфундаменталниот принцип што ги дефинира кредибилните избори е слободното изразување на волјата на народот.

На овие локални избори ќе се гласа за 80 градоначалници и еден градоначалник на град Скопје. Избирачкиот список ќе биде заклучен утре со сите промени кои се случија додека траеше увидот во списокот од страна на граѓаните.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза