Централен регистар, односно регионалните регистрациони канцеларии в недела, понеделник, вторник и во среда ќе работат со дежурства и продолжено работно време поради роковите за поднесување на пријави за претстојните локални избори.
Како што информираат од Централен регистар, во недела на 12 септември ќе работат од 8:00 до 16:00 часот, а во понеделник на 13 септември, вторник 14 септември и среда 15 септември од 8:00 до 20:00 часот.
Заинтересираните дополнителни информации може да добијат во соодветната Регионална регистрациона канцеларија, или на e-mail преку контакт формата на Централен регистар.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови