Граѓаните на Општна Радовиш за претстојните избори ќе имат можност да се одлучуваат за избор помеѓу четирите кандидати предложени и доставени.
СДСМ со овие локални избори оди со кандидатот Коле Чаракчиев кој е и актуелен Пратеник во Собранието на Македонија, додела советничката листа ја предводи Аница Бораниева-Атанасова.
ВМРО-ДПМНЕ за овие избори оди со кандидат познат помеѓу радовишани, Ацо Ристов кој е сопственик на компанијата Алфа Инжинеринг, додека советничката листа од оваа политичка партија ќе ја предводи д-р. Моника Ристеска, актуелен советник во Советот на општина Радовиш.
Актуелниот Градоначалник Герасим Конзулов кој претходните избори го освои мандатот преку СДСМ, за овие избори кандидатура доби од страна на Либералната партија -ЛДП.
На овие избори кандидатура има поднесено како независен кандидат и Горан Поцев, актуелен советник во Советот на општина Радовиш.
Во општина Конче, според неофицијални извори доставени биле шест листи за советници, и две кандидатури за градоначалник
Овие се неофицијални информации, после предвидениот рок ДИК официјално ќе ги објави кандидатурите и листите на советници кои ќе се за претстојните локални избори.
*Фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови