СДСМ ГИ ПРЕТСТАВИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Ова се нашите најдобри кандидати. Тие знаат како да ги развиваат општините и градот Скопје. Ние ја имаме најдобрата понуда, затоа што имаме јасен план и визија, за секое маало, за секое село, за секој град, за целата држава, порача потпретседателката на СДСМ, Соња Лукаревска од предизборниот собир во Битола на коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на кој беа претставени кандидатите за градоначалници на претстојните Локални избори.

Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека во четвртата изборна единица, СДСМ и коалицијата се силни, убедливи фаворити.

– За четвртата изборна единица ја имаме најдобрата кадровска понуда претставена преку следните кандидати: Коста за Струмица, Горан за Прилеп, Никола за Радовиш, Благојчо за Конче, Перо за Валандово, Сашко за Гевгелија, Анго за Дојран, Благојчо за Богданци,  Тони за Неготино, Горан за Кавадарци, Лазар за Демир Капија, Јасмина за Могила, Љубе за Новаци, Стојан за Росоман, Зоран за Босилово, Марјан за Василево и Звонко за Ново Село. Ова е нашата понуда и тврдам дека е подобра од целата опозиција заедно. Овие луѓе се докажани професионални, секој во својата сфера на функционирање, рече Филипче.

Тој нагласи дека добар дел од овие кандидати се повторни кандидати и тоа е така поради тоа што граѓаните ја одобруваат нивната работа и ќе им дадат повторно поддршка.

*фото Архива

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза